09/06/2025

Временска прогноза за ден 15.02.2024

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-5 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до-1, а максималната ќе достигне 13 степени.

За наредните денови од УХМР прогнозираат дека до сабота времето ќе биде претежно сончево на повеќе места со негативни утрински температури. Зголемена облачност ќе има од недела, а од почетокот на следната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд.

Споделете