09/06/2025

Сирски: Украина се „префрли“ од офанзивни операции на стратешка одбрана

Украина се „префрли“ од офанзивни операции на стратешка одбрана, изјави генералот Олександар Сирски за германски ЗДФ во интервју објавено во вторникот.

Интервјуто било снимено неколку дена пред претседателот Володимир Зеленски да го назначи Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина, на местото на сменетиот генерал Валериј Залужни.

„Војната влегува во нова фаза. Се префрливме од офанзивни операции на одбранбени операции со цел да го исцрпиме непријателот и да му нанесеме максимални загуби, користејќи ги нашите утврдувања, нашите технички предности, беспилотни летала, системи за електронско војување и подготвена одбранбена линија“, рече Сирски.

Тој додаде дека вооружените сили на Украина се свртеа кон воздушни, па дури и копнени беспилотни летала за да ги спасат животите на војниците.

„Би сакал да ја напуштам позицијата, но нема да дозволам губење на луѓе“, рече тој.

Сириски вели дека Русија „не ги цени“ животите на своите војници, што се гледа по тоа што нејзините загуби се седум до осум пати поголеми од украинските – според проценките на Киев.

Во интервјуто, Сириски вели дека Украина треба да го зголеми производството на домашно оружје и муниција за да се компензира евентуалната загуба на странска поддршка, откако Киев стана целосно зависен од САД и НАТО кои во минатите години префрлија повеќе од 200 милијарди долари во муниција, оружје и опрема во Украина.

Генералот потврди и дека Киев сè уште верува дека достигнувањето до границите на Украина од 1991 година е главен услов за победа.

„Се е засновано на фактот дека мораме да ја завршиме војната со достигнување на нашите граници. Други опции не се разгледуваат бидејќи едноставно немаме друг излез“, рече тој.

Од друга страна, пак, Москва во повеќе наврати нагласи дека признавањето на Крим, Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон како дел од Русија е предуслов за какви и да било мировни преговори.

Споделете