Проф. Д-р Викторија Трајков во Дамла подкаст: Македонија мора да има дипломати на кои Македонија ќе им биде пред сѐ и над сѐ

Во втората епизода од втората сезона на Дамла подкастот гостуваше проф. д-р Викторија Трајков, универзитетски професор и кариерен дипломат, која говореше за состојбите во образованието и дипломатијата во Македонија.
„Пробав еден ден на предавање да ги прашам студентите, чисто онака, пред да почне часот, што ги задржало во Македонија и дали тие што размислуваат дека треба да ја напуштат Македонија, зошто размислиле дека некаде на друго место е подобро за живеење, отколку во Македонија. Од десет студенти девет ми рекоа „ама професорке овде знаете секој ден се соочуваме со некадарни луѓе, некој кој што ни го зема местото, вложуваме во себе, но никој тоа не ни го валоризира итн“ и тука некаде го наоѓам проблемот на целата фрка околу тоа што вшусност образовниот систем им прави на студентите“, вели професорката Трајков.
„Условите се ужасни во било кој државен универзитет да одиш, Пак тука настанува проблемот што нема поддршка доволно од државата, од буџетот на државата, за кое што треба навистина да се поведе сметка, затоа што се случило, јас сум студирала на државен универзитет, се случило полагаш, па се отвара прозор и тука нели сите по јакни полагаме испит, што навистина е поразително за една држава, затоа што можеби тоа ни е првиот впечаток за како понатаму треба да се одвиваат сите работи“, додава таа.
На прашањето за тоа што се случува со македонската дипломатија, Трајков посочи повеќе примери како испраќање на неквалификувани и неискусни дипломати во македонските амбасади ширум светот, дипломати кои не се појавуваат на своите работни места или воопшто не ги исполнувале условите за да вршат таква дејност.
„Крајно е понижувачки да упатам јас амбасадор во Шпанија, конкретно во Мадрид, кој што не зборува ни англисни, ни шпански, а во Министерство за надворешни работи официјална коресподенција е дека мора да се знае шпанскиот јазик, ако не знаеш, тогаш носи си преведувач. Ама ние немаме ресурзи преведувач да имаме, и возач да имаме, и одржувач во амбасада затоа што сме помала држава и не можеме ние да ангажираме дополнителни лица затоа што сме упатиле амбасадор кој што не зборува шпански јазик“, објаснува Трајков.
Погледнете ја целата епизода на Јутуб каналот на Дамла подкастот.