Дејвид Камерон: Израел добро да размисли пред да покрене офанзива кон Рафа

Шефот на британската дипломатија и поранешен премиер, Дејвид Камерон, оценува дека Израел треба добро да размисли пред да започне нова воена операција во Рафа, на југот на Појасот Газа, каде има околу милион палестински бегалци.
Невозможно е да се види како може да се води војна меѓу овие луѓе. Немаат каде да одат, рекол Камерон, пренесува Ројтерс.
Ние сме многу загрижени и сакаме Израел да застане и да размисли многу сериозно пред да започне нова акција. Пред сè, сакаме итна пауза во борбите, што ќе доведе до прекин на огнот, рече Камерон.