08/06/2025

Екс-министерот Чулев за актуелната состојба со личните документи

Ha coцијалната мрежа фејсбук, по повод актуелните состојби во државата, се огласи поранешниот заменик дополнителен министер за внатрешни работи, Наќе Чулев!
„Граѓаните на Република Македонија се обесправени, дискриминирани и понижени – ги повикувам политичките партии од власта да ги прифатат измените на законите предложени од страна на Министерот за внатрешни работи.

Состојбата со ограничувањето на слободното движење за граѓаните на Република Македонија, поврзано со важност на личните документи е дискриминирачка и понижувачкоа, а граѓаните со право се револтирани. Во оваа насока, а имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓа целата држава и кризата во која власта ја доведе државата, ги повикувам пратениците на СДСМ и ДУИ да покажат човечност и државност и да ги поддржат измените на законите предложени од страна на министерот Панче Тошковски. Објективното отсуство на технички капацитети и почитувањето на основните човекови права се доволна причина да се издигнеме над партиските и политички интереси и сите заедно да изгласаме решение кое ќе биде во интерес на граѓаните.

Воедно, ги повикувам колегите од Министерството за внатрешни работи кои секогаш се на страната на народот и овој пат да застанат на страна на граѓаните и да постапуваат во согласност со реалната состојба во која се наоѓа државата“ напиша Чулев.

Споделете