08/06/2025

СДСМ: Наместо решение ВМРО-ДПМНЕ создава хаос со личните документи

„Со месеци BMPO-ДПМНЕ на партиски прес конференции од белиот дворец тврдеа дека имаат решение и дека ќе го решеле проблемот со личните документи, пасошите и возачките дозволи. Сега, откако влегоа во техничката Влада и имаат министер за внатрешни работи, BMPO-ДПМНЕ наместо решение создава хаос со личните документи и шири паника меѓу граѓаните“, соопшти СДСМ.

„Не треба да се казнуваат граѓаните кои ги немаат заменето возачките дозволи. Тие се за домашна употреба и законот дава можност за опомена.

Дополнително, наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши, министерот од BMPO-ДПМНЕ го укина вадењето пасош без закажување.

Тоа негативно влијае затоа што го намалува бројот на граѓани кои можат да се сликаат, а од друга страна драстично го пролонгира процесот.

Тоа значи дека граѓаните со месеци нема да можат да добијат нов пасош, а го доведува во прашање и законскиот рок за издавање пасош.

BMPO-ДПМНЕ и тимот на министерот во МВР направија хаос и во одобрувањето на пасошите, наместо 15 дена сега граѓаните чекаат и повеќе од 20 дена а пасошот не им е готов.

BMPO-ДПМНЕ едно зборува во опозиција, сосема друго прави кога е власт“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Споделете