Бајден: Путин има поголеми цели од Украина

Американскиот претседател Џо Бајден на социјалната мрежа „Х“ ја критикуваше изјавата на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека не би го спречил нападот на Русија врз членките на НАТО, доколку одбијат да ги исполнат финансиските обврски кон алијансата.
„Знаете зошто Украина е важна? „Од причина што, како што можете да видите, рускиот претседател Владимир Путин се насочи на многу поголеми цели“, напиша Бајден.
Корисниците на „Х“ во коментарите ја искритикуваа оваа изјава на Белата куќа и го повикаа тој повеќе да се грижи за САД, а не за Украина, како и да не се посрамотува со вакви изјави и да си поднесе оставка.
Претходно Трамп посочи дека нема да дозволи помош на земјите членки на НАТО, доколку тие не ги исполнат обврските кон организацијата.
Трамп во повеќе наврати изјавуваше дека не верува во желбата на НАТО да ги заштити САД. Додека беше претседател на САД, тој во неколку наврати го изразуваше своето незадоволство од работата на Алијансата и се закануваше дека САД ќе се повлечат од неа доколку партнерите од Европа не преземат поголема финансиска одговорност за сопствената безбедност. Во исто време, Јанс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, изјави дека САД нема да го напуштат овој воен блок, без оглед на изборните резултати во ноември.
Во интервјуто со американскиот новинар Такер Карлсон, Путин нагласи дека Москва нема намера да ги напаѓа членките на НАТО, особено не Полска, Латвија или други балтички земји.