09/06/2025

Министерот Тошковски во посета на Пониква каде престојуваат деца и семејства на загинати бранители

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска е во посета на Пониква каде престојуваат деца и семејства на загинати бранители.

– Денеска бев во посета на зимското одмаралиште на МВР во Пониква каде што во овој период се сместени и престојуваат децата и семејствата на загинатите бранители.

Во рамките на оваа посета имав чест да присуствувам на заеднички ручек со семејствата на загинатите бранители и во една пријателска атмосфера да поразговарам со нив, соопшти Тошковски.

– Истакнав дека жртвата што нивните најблиски ја дале за нашата татковина нè задолжува да направиме сè што е во наша надлежност со цел да им се излезе во пресрет на сите нивни барања и потреби и во таа насока потенцирав дека како министер им стојам на располагање за нивна поддршка во рамките на надлежностите кои се од делокругот на работа на МВР, додава министерот.

Споделете