09/06/2025

Тешка сообраќајна несреќа кај „Бриколаж“

Тешка сообраќајна несреќа се случила рано утрово на бул. Киро Глигоров, во близина на трговскиот центар „Бриколаж“ во Скопје.

Од МВР за КУРИР ја потврдија информацијата, од таму велат дека екипи на МВР се излезени на терен и се врши увид на местото.

Засега не е познато дали има починати или повредени лица.

Од МВР велат дека детали ќе соопштат во текот на денот.

Споделете