09/06/2025

Шолц во посета на САД

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе отпатува за Вашингтон. Тоа е трета посета на САД откако ја презеде функцијата пред нешто повеќе од две години.

Шолц утре во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, при што ќе разговараат за воената помош за Украина, конфликтот на Блиски Исток и за претстојниот Самит на НАТО.

Шолц вечерва ќе се сретне со американски конгресмени, а утре наутро планиран е работен појадок со американски претприемачи.

Споделете