Стево Пендаровски: Албанецот во институциите е застапен со огромни 21 процент

Претседателот оценува дека во последните две децении aлбанците напредувале.
– Како бројка, мислам дека е добро да се истакне дека, ако во 2001 година имаше само 2,4 проценти вкупно во сите институции, сега оваа бројка е 21 проценти и важно е да се каже дека овие бројки не се рамномерно распоредени во нивоа надолу и нагоре во политички функции, можам да кажам дека aлбанците биле на највисоките државни функции. Имавме претседател aлбанец на Парламентот, сега имаме премиер aлбанец и не се сомневам дека ќе дојде ден кога ќе можеме да имаме претседател aлбанец, ако ги освои гласовите на сите етнички групи, како што се случи во мојот случај, констатира претседателот Пендаровски.
Албанец може да биде на функцијата претседател на државата, но мора да ја има и поддршката од сите етникуми, вели Пендаровски во интервју за „Еуроњуз Албанија“ на прашањето за можноста aлбанец да ја преземе функцијата претседател на Македонија.
Според него, етнички aлбанец не може да биде шеф на државата без гласовите на сите етникуми.