09/06/2025

Биљал Касами: Македонија е подготвена Др. Арбен Таравари да биде претседател

Силно верувам дека Таравари може да биде многу добар кандидат за претседател не само на албанската опозиција, туку верувам и како кандидат прифатлив за сите граѓани на Македонија, изјави претседателот на Движењето БЕСА, Биљал Касами во интервју за весникот Лајм.

Касами неодамна за косовска телевизија изјави дека се разговарало за кандидат за претседател на овие избори да биде претседателот на Алијансата на Албанците.

„Да, се зборуваше дека Таравари … се гледа како соодветен кандидат да биде и албански кандидат на овие избори“, изјави Касами.

Според него, дојдено е времето за претседател на Македонија да биде избран Албанец и оцени дека идеален кандидат за оваа функција е претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

„Убеден сум дека дека Македонија е подготвена за претседател Албанец со целосен политички мандат, а не како со симболичните понуди од ДУИ во овие 20 години совладеење кои кулминираа со оваа техничка влада.

Со техничка влада во која има премиер Албанец, во влада која е половина албанска, но кога пак, Албанците се подискриминирани од кога било“, изјави Касами

Споделете