09/06/2025

Тошковски во посета на Одделот за изработка на лични документи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Отсекот за персонализација на лични документи во рамките на Оддел за информатика и телекомуникации на МВР каде се изработуваат личните документи.

-Од страна на раководството и вработените во оваа организациска единица бев запознат со комплетниот процес на изработка на личните документи и заеднички разговаравме за преземање на определени мерки и активности насочени кон подобрување на овој процес и зголемување на капацитетот на изработка и испорака на документите, објави Тошковски.

Тој им се заблагодари вработените кои и покрај тоа што секојдневно се соочуваат со разни проблеми, вложуваат максимални напори за овој процес да тече непрекинато и со максимален капацитет.

Споделете