09/06/2025

Две бебиња хоспитализирани со констатирана Голема кашлица

Од почетокот на годинава до денеска (5 февруари) се регистрирани вкупно 11 случаи на голема кашлица во земјава. Меѓу заболените имало и возрасни. Во моментов се заболени две бебиња на возраст од два и од два и пол месеца. Едното бебе е хоспитализирано во приватна болница, а другото во Детската болница Козле. Ниеден од заболените веројатно не е вакциниран, вели портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ.

Споделете