Закани за бомби во средни училишта, Ист Гејт Мол, железничката и автобуската станица во Скопје и други локации

Повторно закани за бомби во неколку средни училишта во Скопје, меѓу кои гимназиите „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“и „Орце Николов“ и СУГС „Владо Тасевски“. Учениците и вработени се евакуираат, а наставата во првата смена најверојатно нема да продолжи.
Закани за бомби се пристигнати и во Ист Гејт Мол, железничката и автобуската станица во Скопје, од каде се евакуираат патници и вработени.
Полицијата е излезена на терен и работи на проверки и расчистување на денешните закани.
Пред два дена, дојави за поставени бомба стигнаа на електронските адреси на Народната банка на Република Македонија и на девет средни училишта во Скопје.
Во соопштението на МВР стои:
„Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.“
Сите досегашни дојави беа утврдени како лажни после опсежните проверки на единиците за антитероризам при Министерството за внатрешни работи.