Арбен Таравари најави дека Алијанса на изборите ќе оди со албанската опозиција

Претседателот на Алијансата на aлбанците, градоначалник на Гостивар и екс министер за здравство, Арбен Таравари, попладнево на coцијалните мрежи најави дека од Собранието на неговата партија ќе побара да влезат во коалиција како здружена албанска опозиција со останатите помали партии.
Ова следува откако се појави иницијатива за смена од лидерската позиција во партијата и по средбата на Таравари со премиерот на Косово Албин Курти.
Toa значи дека АА на избори ќе учествува заедно со партиите на Меџити, Касами и Гаши.
„Имајќи ги предвид вредните и љубезни предлози на сите пријатели, членови и поддржувачи, избрав и да го слушам гласот на луѓето што денес зборува појасно од кога било. Граѓанинот бара Промена! Народот бара политички систем ослободен од корупциската епидемија, која стана најголема пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Македонија. Како претседател на Алијансата за Албанците, јавно го повикувам партиското Собрание да ме поддржи на ова патување и заедно, да го поздравиме овој процес кој го нарекувам Голема и долго чекана промена!“, пишува Таравари.