Мицкоски на средба со Македонците во Женева

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Женева, Швајцарија, оствари средба со Македонците кои живеат таму.
-Денес во Женева во Швајцарија оддржав средба со задграничните комитети и македонската дијаспора, напиша Мицкоски.
Тој додава дека поради криминалот, ударите врз идентитетот, туѓите агенди и бришењето на македонизмот, загриженоста за татковината е заеднички споделена.
-Заеднички ја споделуваме грижата за нашата татковина. Овде подеднаква е загриженоста за тоа што државата се одзема од народот, поради криминалот, ударите врз идентитетот, туѓите агенди и бришењето на македонизмот. Овие луѓе тука живеат со грижата и љубовта за Македонија. Единствениот излез се промените до кои се доаѓа со заедништво, обединетост и силна посветеност за Македонија. Заедно да изградиме иднина за сите, Македонија која е на цврсти темели, напредна и силна. До иднината заедно, моментот за промени доаѓа, вели Мицкоски.