Младен Јаневски: За македонските студенти МОРА да се направат уште многу работи…

Студентите ќе излегуваат на протест!
Одлично!
Сум го напишал ова многу пати, ќе го напишам уште толку ако е потребно.
– За македонските студенти МОРА да има соодветни услови во студентските домови.
– За македонските студенти МОРА да има стипендии.
– За македонските студенти МОРА да се укинат квоти и партиципации.
– За македонските студенти МОРА да има онлајн база со учебници.
– За македонските студенти МОРА да има електронско образоивание.
– За македонските студенти МОРА да се направат уште многу работи…
Зошто?
– Мизерни се условите во студентските домови каде илјадници македонски студенти поминуваат години од својот живот.
– Месечни стипендии за студентите, кои ќе се определуваат според просек од минатат студентска година е пракса насекаде, освен кај нас.
– Трошоците за високо образование во Македонија МОРА да бидат сведени на минимум. Доволно државата заработуваше на грбот на студентите.
– Студентите мора да се ослободат од „професроските навики“ за купување/продавање на учебници. Со онлајн база на учебници, скрипти, презентации…, сите материјали можат да им се на дофат „со два клика“.
– Електронски образовен систем и нема да се има потреба од чекање редици, запишување на семетри, година, пријава на испити и слични апсолутни глупости.
– За македонските студенти МОРА да се направи многу!
*Фејсбук статус и став на уредникот Младен Јаневски