Шолц: Сега е време да се одлучиме за заеднички план за да и понудиме на Украина стабилно финансирање

Германскиот канцелар Олаф Шолц, денека повика 27-те земји-членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за договор за заеднички план со кој ќе и биде понудено на Украина стабилно финансирање во наредните 4 години.
„Верувам дека сега е вистинското време да се донесе одлука“, изјави Шолц по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.
Тој посочи дека ќе работи многу напорно за да се постигне договор помеѓу сите 27 членки на ЕУ.
Пред самитот, естонската премиерка Каја Калас изјави дека земјите-членки треба да се договорат за долгорочниот пакет помош за Украина.
Виктор Орбан е единствениот од 27-те лидери кој не се согласува со договорот и бара гласање секоја година за долгорочна помош на Украина, додека пак, Калас рече дека „образецот за повторно преговарање“ за помошта на Украина не треба да се врати.
Имено, Самитот на Европскиот совет се смета за последна шанса за постигнување договор за четиригодишниот план за обезбедување на финансиска помош од 50 милијарди евра за Украина.