Човек на Орбан ќе прави регионална фудбалска лига

Претседателот на ФК Ференцварош од Будимпешта, Габор Кубатов е на прагот да ја реализира идејата за почеток на регионална фудбалска лига во земјите од Источна и Централна Европа.
Прв човек на клубот од познатата традиција на Ференцварош е и потпретседателот и директор на владејачката партија на Унгарија, Фидес. Тој е близок соработник на унгарскиот претседател Виктор Орбан и кандидат за градоначалник на Будимпешта на претстојните избори
Габор Курбатов во интервју за Инфостарт зборуваше за важноста на спортот во целото општество. Така дошол до идеја за регионална фудбалска лига. Тој е поддржувач на идејата регионалната лига да не се натпреварува со националните првенства, а клубовите да можат добро да заработат.