СДСМ: BMPO-ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ

BMPO-ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ. Пишман аџијата Xpистијан Мицкоски се загуби, едно зборува, друго мисли, трето прави, истакнуваатод СДСМ.
„Прво ја проблематизираше техничката влада, потоа велеше дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во неа и на крај влезе во Влада со ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ предложи министри за во техничката Влада а не ги гласаа во македонското Собрание, односно ги бојкотираа, велат тие.
Седат во техничката Влада а се прават дека не се дел од неа“, дополнуваат од партијата на власт.
Според СДСМ, Христијан Мицкоски нема став, ниту политички капацитет да донесе некаква одлука и дефинитивно не знае каде тера.