СДСМ cитно брои: Остануваат 99 дена до нов изборен пораз на Христијан Мицкоски и победа на Европскиот фронт

Остануваат 99 дена до нов изборен пораз на Христијан Мицкоски и BMPO-ДПМНЕ и победа на Европскиот фронт предводен од СДСМ. Со Xpистијан Мицкоски и BMPO-ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ. Тие нудат, хорор, враќање назад во изолација, неизвесност, криминал, корупција, поделби меѓу граѓаните, мали плати и пензии, велат од СДСМ.
Тие додаваат дека нудат поголеми плати, пензии, намалување на давачките за народот, со СДСМ е извесна европската идина со заштитен македонски идентитет.
Тоа е изборот пред граѓаните. Затоа, на слободни, фер и демократски избори ќе победи европскиот фронт предводен од СДСМ. А на 9-ти мај, Денот на Европа, европскиот фронт ќе прогласи формирање нова проевропска Влада којашто ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година, стои во соопштението.