Димитар Ковачевски: Joван Митрески ќе ја извршува функцијата посветено и одговорно

Премиерот во оставка и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски му го честиташе изборот на Јован Митрески за претседател на македонското Собрание и му посака успех во работата.
-Уверен сум дека Митрески ќе ја извршува функцијата посветено и одговорно, во интерес на граѓаните и доброто на државата, напиша Ковачевски.
Собранието вчера со 64 гласови „за“ и 40 „против“ го избра Митрески за претседател на Собранието откако неговиот претходник Талат Џафери беше предложен за мандатар на техничката влада, која треба да биде избрана во недела, на 28 јануари.
Митрески, кој досега бил координатор на пратеничката група на СДСМ, ќе биде претседател на Собранието до изборот на новиот состав на Парламентот по изборите на 8 мај.