09/06/2025

Талат Џафери: He e paбота на холандскиот амбасадор како тоа постапувал судскиот совет

Се уште не седнат на новата функција, технички дополнителен премиер, Талат Џафери влезе во вербален конфликт со холандскиот амбасадор неговата екселенција, господин Дирк Јан Коп.

Тој во подкастот „Политиканти“ му порача на амбасодорт, кој воедно е најжестокиот критичар на криминалот и корупцијата во земјава, да не се меша во работата на судскиот совет.

-Тоа не е негова работа како работи Судскиот совет. Moжете вие да одите во Кралството Холандија, како амбасадор, да одите во Судски совет или во Врховниот суд да кажете, можете да одите? праша Талат Џафери.

Ова е транскриптот од неговото гостување во врсска со овој дел:

Политиканти: Мислам дека Ниту странските амбасадори немаа голем ќеф да се занимаваат со нашите институции и корупцијата?

Џафери: Можете вие да одите во Кралството Холандија како амбасадор и да одите во Судскиот совет или во Врховниот суд и да кажете , можете да одите и да кажете?

Пoлитиканти: Можете да одите но ќе ве протераат!

Споделете