Што кажа СДСМ за предложените кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада

Се тресеше гората во Белата палата и на крајот ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри.
Дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се кадри од времето на Никола Груевски за кои има поднесено кривични пријави, дел се поранешни функционери во град Скопје, но ниту еден нема зад себе ниту еден резултат.
Очигледно драмите околу техничката влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ, прво дека нема да учествуваат, потоа дека нема потреба, па дека ќе учествуаат но нема да гласаат се должат на личните хирови на Мицкоски и немањето кадровски потенцијал на опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ нема никаква програмска понуда а сега уште еднаш потврди дека нема ниту кадровски потенцијал.
Овие 100 дена на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада ќе бидат единствената можност да бидат на власт и тоа само заради подготовка на изборниот процес, а потоа ќе се вратат назад во опозиција уште 4 години.
Реакција на владеачката СДСМ по номинацијата на опозициските кандидати за министри!