09/06/2025

Почнува изградбата на „Лидл“ маркет во Куманово

Во индустриската зона „Речица“ во Општина Куманово денеска ќе биде претставена најголемата инвестиција на меѓународниот малопродажен синџир „Лидл“ во Република Македонија.

Станува збор за подготвителни активности за изградба на логистички и диструбутивен центар на „Лидл“. Според најавите на компанијата, логистичкиот и диструбутивен центар ќе се простира на околу 200.000 метри квадратни, инвестицијата е вредна околу 80 милиони евра, а планирани се повеќе од 150 вработувања.

На настанот, покрај претставници на „Лидл“, ќе присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Фатмир Битиќи, aмбасадорката на Сојузна Република Германија, Нејзината екселенција Петра Дрекслер и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Споделете