Анџела Агелер: Не коментирам предлог закони

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер за Радио Слободна Европа вели дека не коментира предлог законски решенија, но ги поздравува и силно поддржува сите напори за истраги на наводните коруптивни криминални активности.
– Ние ги сметаме за одговорни оние кои ја злоупотребуваат јавната доверба за лична корист. Јас претпоставувам дека институционални и законодавни реформи кои ќе ја зголемуваат транспарентноста и ја зајакнуваат борбата против корупцијата ќе бидат добредојдени не само од меѓународната заедница, туку и од сите граѓани на Република Македонија, истакнува амбасадорката Агелер.
(Превземено од Аналитикум мк)