Силна бура ја парализираше Ирска

Најмалку 170.000 домаќинства и бизниси вчера останаа без струја откако силното невреме ја погоди Ирска. Црвени метео аларми беа издадени за округот Донегал, јавуваат од „Ајриш Тајмс“.
На социјалните мрежи се појавија снимки од последиците од бурата Иша, каде што се гелда како високите бранови на брегот ја манифестираат моќта на силните ветрови. Соборени се многу дрвја и далноводи, поради што пожарникарите имаат полни раце работа. Силниот ветер откорнал и цели дрвја во делови од Кери, при што некои патишта биле блокирани од паднатите стебла.
Ирските авиокомпании јавија дека околу 150 летови биле откажани до и од аеродромот во Даблин поради невремето.
Бурата Иша, принуди приземјување на 24 авиони вчера до 17 часот, додека 27 други авиони биле пренасочени кон други аеродроми, соопшти аеродромот во Даблин на платформата Х.
Во меѓувреме, аеродромот Шипхол во Амстердам откажа 130 летови кои биле закажани за денеска како мерка на претпазливост поради силните ветрови кои се очекуваат од бурата Иша, која треба да стигне до Холандија.