ТРАГЕДИЈА: Почина 29 годишен светски првак во скок со стап

Канаѓанецот Шон Барбер, поранешен светски првак во скок со стап, минатата ноќ почина на 29 годишна возраст во својот дом во Тексас.
Шон Барбер ја освои титулата светски првак во Пекинг во 2015 година, прескокнувајќи височина од 5.90 метри, а во истата година триумфираше и на Панамериканските игри во Торонто.
Веста за трагедијата ја објави неговиот менаџер Пол Дојл на социјалните мрежи, не наведувајќи детали под кои настапила смртта на младиот атлетичар.
„Пријател кој никогаш нема да биде заборавен. Канадските олимписки скокач со стап Шон Барбер почина“, напиша Дојл на Инстаграм.
Барбер е актуелен канадски рекордер во сала со прескокнати 6 метри, а на отворено со 5.93 метри.