09/06/2025

Досега биле променети околу 1.100.000 лични карти

makedonski-pasosh

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека досега се променети околу 1.210.000 патни исправи, повеќе од 1.100.000 лични карти и околу 540 илјади возачки дозволи. Според Спасовски, нема никаков проблем дали да се продолжи рокот за издавање на патни исправи, ако така одлучи Собранието, и нагласува дека се работи со зголемена динамика и процесот така ќе продолжи и по 12 февруари.

Да не се креира слика во јавноста дека по 12-ти нема да дојде до промена на документите. Владата не донесе одлука зашто Законот за лични карти не е променет и тој е во важност и од самиот почеток до денес беше јасно дека нема да има промена на личните документи. Неколку пати кажавме дека личните карти ќе важат и по 12 февруари, не заради тоа што се во домашна употреба, туку заради тоа што не го сменивме Законот за личните карти во кој се остава рок за важење на личните карти, рече министерот, додавајќи дека согласно проценките, нема голем број лица кои побаруваат документи, а се работи со зголемена динамика и процесот така ќе продолжи, изјави Спасовски.

Споделете