Фактура за електрична енергија од 148.000 денари или 2.500 евра само затоа што си се греел на струја!?

Сметките за струја во Македонија дефинитивно го достигнуваат својот рекорд и ги „бутаат“ сите поставени рекорди во наплата за електрична енергија. Ова особено почна да се случува по повеќекратното покачување на цената на електричната енергија и по воведувањето на четирите блока за цена на електричната енергија според потрошувачката.
Во продолжение ви пренесуваме непријатно искуство на наша сограѓанка која добила сметка з струја во висина од речиси 2.500 евра.
-Ја гледам сметкава и не им верувам на очиве, си викам ова нуливе на крај мора да ми се причинуваат
Ф-ра за ел. енергија од 148.000 ден. или 2500 евра само затоа што си се греел на струја, а тоа значи, според Таче, си се луксузирал.
А за кражбата да биде уште поголема, пренос и дистрибуција на ел. енергија 38.809 и ДДВ 24.427, што не е ел. енергија.
Дали мислите дека ова е нормално?
#ДимитарКовачевски како е можно лани ова време сметката да не е поголема од 30.000 ден. а само по една година сметката да е за пет пати зголемена?! Иста куќа, исто греење, сѐ е исто. Сега се чудам како да се плати сметкава со 500 евра плата. Значи у наредни 6 месеци платата ќе оди за ЕВН. Ама па тоа не е проблем, 6 месеци нема да јадеме ништо, нема да купуваме ништо, едноставно нема да живееме, или просто кажано, ќе си умреме, зашто оваа Влада масовно нѐ убива со нејзините штетни и погубни политики.
За да ми биде уште “полесно”, како што ми кажаа од ЕВН, и сметката за јануари ќе ми биде иста ваква. Е сега останува да размислам и да одлучам што да продадам во вредност од 5000 евра за да им ги дадам на ЕВН, пошто нели мора да се плати струјата по новите цени и тарифни блокови.
А за тие што не знаат, 3тиот и 4тиот блок нѝ го пресметуват по цена повисока од индустриската, иако се работи за потрошувачка во домаќинство.
И за крај, никако не смееме да ја заборавиме субвенцијата од Владата 91,51%, значи сум потрошила 5000 евра електрична енергија за месец декември со некое порамнување зашто не дошол никој да прочита струјомер.
Ти благодарам Димитар Ковачевски за “прекрасниот живот” во нашава Македонија.