08/06/2025

Драган Ковачки: Поддршка за воената служба

Пратеникот и армиски полковник со чин, Драган Ковачки, на јавноста и ги сподели планираните маневри на опозициската пратеничка група во однос на предлог законот за воена служба.

„Денеска дадовме поддршка на измените на Законот за Служба во АРМ и дадовме поддршка и гласавме ЗА потребата од носење на Закон за вработените во Одбраната.

Сепак, остануваме на ставот дека се’ додека заеднички со СДС не ги изгласаме измените на Законот за посебните права на бранителите со кои се обештетуваат 10 семејства на загинати наши-македонски бранители, ќе го блокираме носењето на Законот за вработените во одбраната.

Во оваа држава конечно мора да разговараме за приоритети.

Време е СДС да престане да си игра со судбината на семејствата кои изгубија се’ а во меѓувреме нивната министерка да глуми загрижена дека сака да им се оддолжи на вработените во одбраната.

Приоритети, а не лицемерие!

Или ќе помине Законот за семејствата на загинатите, или блокада на предложениот Закон од Славјанка Петровска.“

Споделете