СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ фатена и во спорни набавки и во лага, една машина набавена по астрономски суми

Од СДСМ обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е фатена во нова афера со спорни јавни набавки на машини по астрономски цени, десетини илјади евра над реалните.
– Документите во прилог покажуваат дека општина Битола и општина Велес, раководени од BMPO-ДПМНЕ набавиле по една машина за бележење хоризонтална сигнализација, а не две како што лажеше BMPO-ДПМНЕ. Во спецификацијата јасно е наведено дека Општина Битола набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација за речиси 50.000 евра, иако таква машина може да се купи за 2-3 илјади евра, велат тие.
Според нив разликата во цената е дури 47.000 евра.
Иста таква машина, од истата фирма набавила и општина Велес, по астрономска сума од 42.000 евра. Цена за 40.000 евра повисока од реалната. Што и да кажат и лажат од Белата палата, јасно е дека градоначалници на BMPO-ДПМНЕ се фатени со рацете во медот. Наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, од BMPO-ДПМНЕ да кажат во чии џебови завршиле астрономските разлики, стои во соопштението.