ВМРО-ДПМНЕ: СДСM – ДУИ – Алијанса на албанците ја претворија Македонија во мафијашка држава, се пука во болници, а министерот се правда дека не е поврзано со здравството

СДСM – ДУИ – Алијанса на албанците ја претворија Македонија во мафијашка држава. Се пука во болници, а ресорниот министер се правда дека не е поврзано со здравството.
Не е прашање дали пукањето кај тетовската болница има врска со здравството, туку зошто воопшто има пукање во државава. 3ошто има мафијашки пресметки како никаде на друго место, зошто толку опожарени возила?
Пукањето во тетовската болница покажа само колку власта нема контрола над ништо, и колку е нарушен и девастиран системот.
Срамно е правдањето на министерот. Живееме во мафијашка држава. И второстепено е прашањето дали има поврзаност со состојбите во здравството. Не знаеме што е потрагично да има или да нема, а министерот да чувствува дека треба да се правда дека немало врска со здравството, тоа значи дека сепак некој му кажал дека здравството е на колена и дека ваква катастрофа немало од 90-та до денес.
Европската коалиција на СДСМ – ДУИ и Алијанса на албанците оствари уште еден бенчмарк на патот кон ЕУ, се исполни поглавјето за пукање во болница, и ние сме во очекување на некое следно нивно постигнување. Нема криминална сцена која не се случила со нив, и да има ќе се случи, зошто никогаш не било полошо, и затоа важно е да ги поразиме.