Приведени две лица за криумчарење мигранти од Кина

По претходно добиени оперативни сознанија, на 10.01.2024 во 13.45 часот на автопатот “Пријателство” во близина на с. Марвинци од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ- ПС за ГН Михајлово било запрено патничко возило “ауди” со скопски регистерски таблички, управувано од Т. П. (38), а во возилото се пронајдени четири лица, мигранти од Кина.
Како што соопшти МВР, било сопрено и возило “голф” управувано од Т.О. (40) од Скопје, под сомнение дека било претходница на возилото “ауди”. Т.О. и Т.П. се лишени од слобода.
Известен е јавен обвинител од ЈО за Гонење организиран криминал и корупција и по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава, наведуваат од МВР.