09/06/2025

Фатмир Меџити: Има доволно вакцини, родителите да ги вакцинираат децата

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, денес повторно jaвно апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца откако во земјава и регионот се појави голема кашлица.

Меџити рече дека има доволно вакцини и дека од вчера е дадена наредба да се проверат сите вакцинални картони од бебиња.

Крајно време да се смени менталниот склоп. Секое вакцинирање, значи спас на живот. Затоа ги повикувам родителите за доброто на нивните деца да ги вакцинираат и да ги превенираме ваквите појави, рече Меџити.

Во однос на информациите за дефицит на лекови на Клиниката за онкологија, Меџити повтори дека дефицит на лекови за овие пациенти нема да има, освен ако некоја состојка ја нема на меѓународно ниво, но за тоа, како што посочи, навреме ќе информираат.

Споделете