09/06/2025

Анкета: Трамп во голема предност во трката за републиканска претседателска номинација

Анкетата на Ројтерс и Ипсос објавена во средата покажува големо водство на Доналд Трамп пред неговите ривали за републиканската претседателска номинација на само пет дена пред почетокот на изборниот натпревар по сојузните држави.

Поранешниот претседател го поддржуваат 49 отсто од републиканците, додека поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли ја доби поддршката од 12 отсто од републиканците, а пак, гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, 11 отсто. Околу 18% од анкетираните изјавиле дека се уште не знаат кого ќе го поддржат.

Во истражувањето анкетирани биле 1.941 Американец кои се идентификуваат како републиканци, што значи дека не е нужно предвидливо кој ќе победи на изборите во понеделник во Ајова, први од државните номинациски избори што ќе одредат кој ќе се обиде да го собори актуелниот претседател Џо Бајден од демократската партија на изборите на 5 ноември.

Повеќето истражувања на Ројтерс и Ипсос, спроведени од август, покажаа дека Трамп ја ужива поддршката на околу половина од републиканскиот електорат.  

Споделете