08/06/2025

Скандалот со М-НАВ стана регионален скандал

Скандалот со упадот во Кулата на Македонската авионавигација стана регионален скандал за кој пишуваат и авио-ентузијасти од регионот. Упадот, кој заврши со приведување, но не и притвор за напаѓачите, наиде на низа бурни реакции во Македонија и регионот, а особено кај оние кои подобро ја разбираат сериозноста на работата која се врши токму во кулите на летање.

-Невиден скандал се случи во јавното претпријатие М-НАВ, кое е задолжено за следење на воздушниот сообраќај над Северна Македонија. Откако синдикатот на контролорите на летање предупреди за лошите услови за работа и партиските вработувања, група од осум мажи ги претепале дежурните контролори на летање кои во тој момент набљудувале 28 авиони на небото! Групата напаѓачи ја предводел Беким Незири, вработен во М-НАВ, поранешен македонски министер за економија и претседател на локалниот огранок на партијата ДУИ, член на владејачката коалиција., пишува Пеџа Вучетиќ на својот твитер профил.

Споделете