09/06/2025

Израел за три месеци во Газа уби повеќе новинари отколку што се убиени во светот за две години

Бројот на убиени новинари во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври е поголем од бројот на убиени ширум светот во 2021 и 2022 година.

Израелската армија, која повеќе од три месеци го бомбардира Појасот Газа од копно, воздух и море, во своите напади уби повеќе од 23.000 цивили, меѓу кои и бројни новинари.

Според податоците од меѓународните организации, 109 новинари и медиумски работници биле убиени во 2021 и 2022 година.

Според соопштението на владината прес-служба во Појасот Газа, бројот на медиумски работници кои ги загубија животите во нападите извршени од Израел од 7 октомври достигна 112. Ова открива дека бројот на новинари убиени од Израел во Појасот Газа за три месеци е повисок од бројот на убиен низ целиот свет во 2021 и 2022 година.

Споделете