Париз ги покачи туристичките такси пред Олимпијадата

Градот Париз ги покачи туристичките такси од 1 јануари годинава, во пресрет на Олимписките игри кои ќе се одржат во француската престолнина. Па така, даноците за престој во хотели и други сместувачки капацитети се зголемени скоро двојно.
– За сите цени на хотелски соби кои што се обновени, гледаме зголемувања, почнувајќи од 20% во неделата што и претходи на Олимпијадата, изјави директорот на туристичката агенција „Кенсигтон турс“, Џејсон Сусински.
Тој посочи дека туристичките водичи во Париз сега исто така наплаќаат повеќе, а во некои случаи се забележува зголемување од 20% во однос на лани. Од друга страна и влезниците за Музејот „Лувр“ од 15 јануари ќе поскапат до 22 евра. Според нив, тоа е прво поскапување во последните 8 години.
Светскиот совет за патувања и туризам (World Travel & Tourism Council) го прогласи Париз за најмоќен град-туристичка дестинација за 2023 година, а приходите се бројат во десетици милијарди евра.