08/06/2025

Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје

Денеска во Скопје поради најавено одржување на настан за одбележување на Бадник, од 10.30 часот се до завршување на настанот, за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајниците околу соборниот храм “Св. Климент Охридски“. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќајот на околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Споделете