Насилно влегол во скопска детска градинка и извршил претурање

Вчера (02.01.2024) во 06.08 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел за сега непознат сторител насилно ја отворил влезната врата од детска градинка, по што влегол внатре и извршил претурање. Според пријавеното до сега, не е одземено ништо. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.