Донации за ФК Тетекс поради тешката финансиска положба во која клубот е западнат

„Патриотско друштво“ која е обемно следена на социјалната мрежа Фејсбук, денес донираше 12000 денари на тетовскиот фудбалски клуб „Тетекс“. На пост на горенаведената социјална мрежа тие ја наведуваат тешката финансиска положба во која клубот се наоѓа како причина за ваквиот чекор.
„Тетекс е гордоста на Тетово и еден од симболите на македонскиот спорт. Тетекс мора да живее!
Да ја започнеме новата година со убави вести. Патриотско друштво направи уште една заложба да го поддржи спортот го државата. Заедно со навивачката група Војводи дониравме 12.000 денари за фудбалскиот клуб кој веќе подолг период се наоѓа во тешка финансиска положба. Се надеваме дека нашата акција ќе инспирира и други и дека Тетекс повторно ќе се врати на славните денови,“ велат тие.