Проф. Светомир Шкариќ бара oхрабрува внесување на бугарите во уставот

Ги охрабрувам наредните власти да извршат уставни измени, бидејќи нема страв од никаква бугаризација, а после тоа Бугарите не можат да нѐ блокираат од аспект на нивните анахрони барања, изјави професорот по Уставно право, Светомир Шкариќ.
Во новогодишното интервју за Вистинската Телевизија ВИСТЕЛ, професорот Шкариќ даде свое видување околу уставните измени потенцирајќи дека прифаќањето на промените на Уставот со впишување на Бугарите не значи бугаризација на Македонија.
– Идниот состав на Собранието ќе ги прифати промените на Уставот со впишување на Бугарите, тоа не значи бугаризација на Македонија, и после тоа треба да се размислува за нов Устав, бидејќи сегашниот со сите амандмани е неспроведлив, посочи Шкариќ.