09/06/2025

Џо Бајден над една третина од годината ја поминал на одмор

„Њујорк пост“ проценува дека американскиот претседател Џо Бајден, повеќе од една третина од минатата година ја поминал на одмор.

Според весникот, Бајден одморал 138 дена (37% од сите денови во годината). Неговото омилено место за одмор било неговата резиденција во државата Делавер.

Првиот човек на Белата куќа, исто така, поминувал време во Кемп Дејвид (Мериленд), на островот Сент Кроа (Американски Девствени Острови) во Карипското Море и на езерото Тахо (Невада).

За споредба, поранешниот американски претседател Доналд Трамп секоја година поминувал во просек 26% од своето време надвор од Белата куќа.

Споделете