АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЈАПОНИЈА: Се судрија два авиони во Токио (ВИДЕО)

Авион се запали на пистата на аеродромот Ханеда во Токио во вторникот, а вестите велат дека удрил во друг авион по слетувањето. Локалните телевизии објавија дека сите патници во авионот (околу 400) безбедно го напуштиле авионот.
Видеото на локалната телевизија покажа големи пламени јазици и чад од страната на авионот на Japan Airlines додека се движел на пистата.
Се верува дека тоа бил JAL, лет 516, кој полетал од аеродромот Шин Читозе до Ханеда во Јапонија.
Противпожарните екипи се на терен и работат на гаснење на пожарот, кој се проширил низ целиот авион.
Како што пренесува NHK, се верува дека авионот на Japan Airlines, Aribus A350 бил погоден од друг авион, најверојатно од авион на јапонската крајбрежна стража.
Јапонската крајбрежна стража соопшти дека ги проверува извештаите за судир меѓу нејзиниот авион и летот 516, но не пренесуваат повеќе детали во моментов.
Ханеда е еден од најпрометните аеродроми во Јапонија, а многу луѓе патуваат за време на новогодишните празници.