Во возилото на Дрин Ахмети биле пронајдени 749 парчиња пиротехника

Во Ленд Роверот на Дрин Ахмети, полицијата синоќа пронајде 749 парчиња пиротехнички средства.
Според МВР, вчера во 19.50 часот на ул. „Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во моментов, се уште не е познато какви мерки ќе превземе МВР и обвинителството по случајот на внукот на лидерот на ДУИ, Дрин Ахмети.