Ленин Јовановски: Блокадите ќе останат постојани додека не се најде решение, поставени се 200 автобуси за да го свртат вниманието на вистинската состојба

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ на денешниот протест со кој го блокираа градот Скопје, изјави дека блокадите ќе останат постојани додека не се најде решение за долговите кои градот ги има спрема приватните превозници.
Тој додаде дека граѓаните треба да го критикуваат изворот, а тоа е градоначалничката, бидејќи како што рече ова е последица од нејзиното однесување
– Не може некој личните хирови и суети да ги спроведува преку грбот на оние кои ова го работат 30 години, не е решение известување за раскинување на договорите и ние немаме известување за прекин на договорите, беше повлечено и сега повторно го добивме истото дека од денес е прекина и на слобода превоз договорот, вели Јовановски.
Како што рече, уличарското однесување на градоначалничката довело до ова.
– Не може од таа позиција да го малтретира својот народ, она што се спекулира дека ќе дојде друг превозник јас познавајќи ги луѓето и правната регулатива велам дека не може да се случи, лицата се вработени кај превозниците и не земале плата, не знам кој друг ќе дојде и ќе пријави толку возачи, истакна тој.