09/06/2025

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо за загадениот воздух во Скопје, ќе поднесеме амандмани

„Скопје со денови е меѓу најзагадените градови на светот. Додека скопјани дишат отровен воздух, локалната власт на BMPO-ДПМНЕ, која има мнозинство во Советот на Град Скопје, води јавни претпријатија, има над 500 членови по управните и извршните одбори, не презема ништо“, велат СДСМ.

„Нема мерки ни за намалување на тековното загадување, не се реализираат еколошки проекти, нема решенија за справување со загадувањето во Скопје.

BMPO_ДПМНЕ во Скопје не прави ништо. Буквално ништо.

Пред советниците на Град Скопје е предлог Буџетот за наредната година, во кој има програми со намалени износи и до 70% во однос на ланскиот износ.

Советничката група на СДСМ и коалицијата ќе подготви и ќе предложи амандмани за подобрување на состојбите, на некои важни аспекти за Град Скопје“, соопшти СДСМ.

Споделете