09/06/2025

Без вода дел од жителите на општина Кисела Вода

Без вода денеска од 10:35 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Корџевска“, „Тошевска“, „Сердарот“ и „Јустинијан Први“ во општина Кисела Вода.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“- Скопје, прекинот е поради скината цевка на улица „Корџевска“ без број од страна на приватна компанија.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување со санација на дефектот.

Споделете